28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијански тенисер суспендиран, местел мечеви

Италијански тенисер суспендиран, местел мечеви

цецинато444

Италијанскиот тенисер Марко Цечинато (минатата сезона 82-ри на АТП листата), парично е казнет со 40.000 евра и суспендиран на 18 месеци, бидејќи намерно губел мечеви на кои ставал облози заедно со својот пријател Рикардо Акарди.

Марко Цечинато (23) е обвинет по пет точки, поради што Тениската федерација на Италија реши да го суспендира и да му изрече максимална парична казна.

Цечинато намерно загубил од Камил Мајчрзак, бидејќи со пријателот Акарди, познат италијански обложувач, се обложил дека неговиот противник ќе победи.

Заедно со Лука Вани намерно загубил меч минатата година на турнирот во Простејов.

На пријателот Акарди, ноќ пред мечот Андреас Сепи-Џон Изнер на Ролан Гарос, му јавил дека Сепи не е доволно подготвен за овој меч и дека нема шанси да го победи Изнер.

Циченато, исто така, заработил пари на наместениот меч меѓу Лоренцо Фригерио и Даниел Кокс.

Истрагата започнала кога на неговиот меч со Мајчрзак имало невообичаено многу облози на негов пораз, а најмногу пари заработил неговиот пријател уште од школските денови, Акарди.

Истражителите докажеле дека Циченато мести мечеви и му дава информации на Акарди откако ја откриле нивната комуникација на WhatsApp. Циченато му пуштил порака на Акарди дека ќе загуби на турнирот во Мароко, дека Фригерио во Турција ќе му го предаде мечот на Кокс, односно дека неподготвениот Сепи нема шанси на Ролан Гарос против Изнер.

Инаку, Циченато испратил писмо до Тениската федерација на Италија во кое се извинил за некои свои постапки, но негирал дека учествувал во местење на мечеви и најавил жалба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП