19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарко Блажевски нема да плива на ОИ во Рио де Жанеиро

Марко Блажевски нема да плива на ОИ во Рио де Жанеиро

марко

Пливачот Марко Блажевски нема да настапи на престојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, објави преку соопштение Македонскиот олимписки комитет (МОК). Блажевски, оствари Б норма за настап во Рио де Жанеиро на 200 и 400 метри мешано, но во Бразил нема да патува поради правилото на МОК, кое вели дека „еден спортист не може да учествува на две Олимписки игри со покана“.

„Иако Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) како пливач со покана (вајлд карта) во машка конкуренција го покани и Марко Блажевски, кој имаше учество на Светското првенство во Казан 2015 година, момент кој е и критериум за добивање на покана од ФИНА, според правилата на Македонскиот олимписки комитет (“еден спортист не може да учествува на две Олимписки игри со покана“) тој нема да може да учествува на игрите во Рио.

Македонскиот олимписки комитет, во оваа насока оствари бројни консултации и разговори со релевантните одделенија и одговорни лица од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), вложувајќи сериозни напори сепак да се реализира учеството на Марко Блажевски. Покрај ова, Македонскиот олимписки комитет, во изминатите два олимписки циклуси (Лондон 2012 и Рио 2016) обезбеди олимписка стипендија за Марко Блажевски, во насока на исполнување на неговиот план и програма.

Заинтересираноста на МОК за учество на Марко Блажевски на Олимписките игри во Рио е повеќе од евидентна имајќи ја во предвид и обезбедената стипендија од страна на МОК, за школување на Марко Блажевски на Универзитет во САД, кој имаше соодветен пливачки тренажен програм за унапредување на спортските резултати на Марко Блажевски, но и добивање и диплома и едукација која ќе му користи во кариерата после неговата спортска кариера“, се вели во соопштението на МОК.

Македонија на ОИ во Рио де Жанеиро ќе ја претставуваат атлетичарите Ристе Пандов (100 метри) и Дрита Исљами (400 метри со пречки), пливачката Анастасија Богдановски (200 метри слободно), џудиската Катерина Николовска (-63 кг) и Нина Балабан (стрелаштво, воздушна пушка 10 метри).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП