Естонскиот репрезентативец Рагнар Клаван (30), во трансфер вреден пет милиони евра од Аугсбург ќе се пресели во Ливерпул.
Капитенот на естонската репрезентација на „Енфилд“ треба да ја пополни „дупката“ во одбраната која настана по повредата на Мамаду Сако. Францускиот репрезентивец ќе отсуствува подолг период поради повредата на Ахиловата тетива.
Клаван е втор централен дефанзивец кој во Ливерпул доаѓа од Бундеслигата, претходно менаџерот Клоп го донесе Жоел Матип од Шалке.
Матип и Клаван се замени за Мартин Шкртел и Коло Туре кои го напуштија клубот.