19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојка: Србија ја освои Светската лига

Одбојка: Србија ја освои Светската лига

србија-светска-лига

Одбојкарите на Србија ја освоија Светската лига, најпрофитабилното натпреварување во одбојкарскиот свет, откако во финалето, кое се одигра во Краков, славеа над Бразил 3-0 (25:22, 25:22, 25:21).

Третото место на турнирот и припадна на Франција која со максимален резултат ја победи Италија (25:23, 25:21, 25:20).

Србија во своето шесто учество во финалните мечеви во Светската лига ја освои првата титула, додека Бразил остана на девет титули во ова натпреварување. Српските одбојкари покрај титулата освоија и чек на еден милион долари.

Србија во финалето одигра одличен меч, со цврста и дисциплинирана игра не му дозволи на Бразил во ниту еден момент да стигне во предност и да ја диктира играта.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ивовиќ со 16 поени, додека Бразил го предводеше Де Соуза со 18 поени.

Србинот Марко Ивовиќ како МВП ја предводи идеалната постава на завршниот турнир. Покрај Ивовиќ во идеалниот тим се уште Симоне Џанели (техничар, Италија), Валас Де Соуза (коректор, Бразил), Среќко Лисинац (блокер, Србија), Маурисио Соуза (блокер, Бразил), Антоан Рузија (примач, Франција), Жења Гребењиков (либеро, Франција).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП