27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилен за кој нема да се плашите ако падне на под (видео)

Мобилен за кој нема да се плашите ако падне на под (видео)

jak mob11

Една од многуте незгодни работи е кога телефонот ќе падне на под, затоа што голема е веројатноста дека ќе се скрши.

На секого барем еднаш му се има случено мобилниот телефон да му испадне од џеб или раце. Некои имале повеќе среќа, па уредот заработил само некоја гребнатинка, додека други морале да одвојат пари за поправка на екранот или куќиштето. Како и да е, таквите моменти не се никогаш пријатни за никого.

Со ова во предвид, „Leagoo“ креираше уред кој е направен да може да ги издржи ваквите работи, па така без проблеми можете да го фрлите на под, без стравување дека нешто ќе му се случи.

Со екран од 5 инчи во „HD“ резолуција, „Leagoo M5“ е спој на квалитет и дизајн со „2.D Corning Gorilla Glass 4“ екран. Уредот на задната страна има и ултра брз читач за отпечаток на прстот (0.19s) кој со текот на времето учи и напредува со цел да биде се побрз и посигурен. Со 2GB RAM и 16GB меморија (која може да се прошири до дури 128GB со помош на „Micro-SD“ картичка), со „M5“ нема да ја искористите целата меморија, колку и да ви е потреба за инсталирање на апликации.

Камерата на задната страна од 8MP со „LED“ блиц е составена од четири леќи со „F2.0“ и автофокус функција за чиста фотографија. Батерија од 2300mAh можеби не е со најдобри карактеристики, но ќе биде доволна за вашите дневни потреби. Што се однесува до оперативниот систем „Leagoo M5“ доаѓа со „Freeme OS 6.0“, модифицирана и унапредениот оперативен систем базиран на „Android Marshmallow“ технологија, а кој нуди побрза активација, повеќе меморија, штедење на енергија и нови можности.

Уредот доаѓа во три бои, сива, златна и бела и на крајот да споменеме дека се што е погоре споменато може да се купи за само 60 долари, што е одлична цена, затоа што уредот инаку чини 100 долари. Доколку ова ве привлекува, цената ќе биде достапна за 200 уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП