17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарио Геце се враќа во Дортмунд

Марио Геце се враќа во Дортмунд

mario getceto 335

Марио Геце, фудбалерот кој во 2014 година на Германија и ја донесе титулата светски првак, по три години минати во минхенски Баерн се враќа во матичниот клуб Борусија Дортмунд.

Геце во 2013 година, непосредно пред финалето во Лигата на шампионите помеѓу Борусија и Баерн, објави дека за 37 милиони евра се сели во Минхен и го навлече гневот на навивачите на „жолто-црните“.

Три години подоцна, откако во Баерн кај Пеп Гвардиола не ја доби вистинската шанса, Геце се враќа во клубот каде го стекна фудбалското име, прашање е дали навивачите ќе му го простат претходното предавство.

Борусија која во преодниот рок остана без Гундоган и Мхитаријан, повтoрно на располагање во тандем ќе ги има најдобрите пријатели Марко Ројс и Марио Геце.

Според Bild, Геце со Борусија ќе потпише договор до 2021 година, за неговиот трансфер клубот на Баерн ќе му плати 28 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП