Демар Дерозан потпиша петгодишен договор со Торонто Репторс вреден 139 милиони долари. Ол стар бекот стана третиот најплатен играч во НБА лигата, по Мајк Конли (Мемфис) 153 милиони долари за пет сезони и Демијан Лилард (Портланд) 152 милиони долари за пет години.
Торонто го избра Дерозан како деветти пик на драфтот во 2009 година. Минатата сезона со просек од 23,5 поени, 4,5 скока и четири асистенции го предводеше тимот до првото финале во Источната конференција.
„Јас сум Торонто. Го претставувам овој град посилно од кој и да е друг. Имам многу цели кои сакам да ги остварам, со нетрпение чекам повторно да го облечам дресот и да започне сезоната“, рекол Дерозан.
Интересно, Дерозан по само еден состанок со челниците на клубот реши да остане во Торонто и воопшто да не ја користи можноста да го тестира пазарот како ограничено слободен агент.