17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлајверт нов спортски директор на ПСЖ

Клајверт нов спортски директор на ПСЖ

клајверт

Поранешниот холандски репрезентативец Патрик Клајверт е назначен за нов спортски директор на францускиот шампион ПСЖ.

Патрик Клајверт, најдобриот стрелец на ЕУРО 2000, кој славата ја стекна во Ајакс и Барселона, по завршувањето на професионалната кариера беше селектор на Курасао и помошник на Луј ван Гал во холандската репрезентација.

„Голема чест е што добив ваква функција во клуб каков што е ПСЖ. Ќе бидам амбициозен и строг. Во Париз поставуваме високи цели, со цел да ги исполниме очекувањата на навивачите“, рекол Клајверт.

Клубот соопшти дека Клајверт „ќе има активна улога во домашниот и меѓународниот развој и дефинирањето на долгорочната стратегија на клубот“.

Во описот на работата на Клајверт стои и дека тој ќе мора тесно да соработува со тренерот Унаи Емери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП