26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса на стартот против Бетис, првото Ел Калсико во декември

Барса на стартот против Бетис, првото Ел Калсико во декември

liga la 355

Фудбалерите на Барселона одбраната на титулата во домашното првенство ќе ја започнат на домашен терен против Бетис. Шпанското првенство ќе започне на 20-ти август, а во првото коло Реал Мадрид ќе гостува во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, додека Атлетико ќе го пречека повратникот во елитното друштво Депортиво Алавес.

Првото сезонско Ел Класико на програмата ќе биде на 3-ти или 4-ти декември, кога Барселона ќе му гостува на Реал, а „кралскиот клуб“ во Барселона ќе гостува на 23-ти април 2017-та година.

Барселона ќе го пречека Атлетико во петтото коло, на 21-ви септември, а „реваншот“ ќе биде на 26-ти февруари наредната година во Мадрид.

Првото мадридското дерби ќе биде во 12-то коло, кога Атлетико ќе биде домаќин на 20-ти ноември, а Реал ќе го пречека Атлетико во 31-то коло.

Ла Лига, 1.коло сезона 2016/2017:

Реал Сосиедад-Реал Мадрид

Атлетико Мадрид-Алавес

Барселона-Бетис

Севилја-Еспањол

Спортинг-Атлетик Билбао

Ла Коруња-Еибар

Валенсија-Лас Палмас

Гранада-Виљареал

Малага-Осасуна

Селта-Легањес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП