21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнди Марej со туѓ пасош влегол во Србија

Енди Марej со туѓ пасош влегол во Србија

marej 9

Шампионот од Вимблдон, вториот светски рекет Енди Марej, во четвртокот со Девис куп репрезентацијата на Велика Британија пристигнал во Белград, но неговиот влез во државата не бил евидентиран.

Вработените на пасошката контрола на белградскиот аеродром „Сурчин“ на социјалните мрежи дознале дека еден од најдобрите светски тенисери е во Белград. Откако утврдиле дека во системот не е внесен неговиот влез во Србија им станало јасно дека Марej во државата влегол со туѓ пасош, пренесува „Спортски журнал“.

Полицајците веднаш потоа реагирале, го известиле менаџерот на Марej и откриле дека тенисерот по грешка го зел пасошот на својот роднина.

Поголем скандал е избегнат откако српските служби му дозволиле на Марej да остане во Србија, а неговиот пасош од Лондон во Белград ќе пристигне во петок, кога ќе започне Девис куп дуелот помеѓу Србија и бранителот на титулата Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП