22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лигата ќе брои 14 тимови

АБА лигата ќе брои 14 тимови

аба-саба

Собранието на АБА лигата, кое се одржа во Пржн, донесе одлука од наредната сезона во регионалната лига да се натпреваруваат 14 екипи.

Оваа одлука на Собранието значи дека во претстојната сезона во АБА лигата ќе се натпреваруваат и екипите на ФМП од Железник и Олимпија од Љубљана.

Олимпија доби предност над неколку други екипи поради резултатите кои ги остваруваше во изминатите сезони, додека ФМП како четвртопласиран тим во српското првенство.

„Анализирајќи ја актуелната сезона во Европа и во регионот, Собранието уште еднаш потврди дека за оваа лига постои голем интерес и определба е на тимовите да играат во регионалното натпреварување, односно дека нема да се откажат од АБА лигата без оглед на сите можни препреки“, стои во соопштението од Собранието на АБА лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП