2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХаотична 12-та етапа на Тур д’Франс

Хаотична 12-та етапа на Тур д’Франс

haotik

Крис Фрум ја задржа жолтата маичка на Тур д’Франс и по хаотичната дванаесетта етапа, на која победи Томас де Гент. Поради сударот на неколку велосипедисти и силниот ветер етапата беше скратена за шест километри.

Крис Фрум на падините на Мон Ванту водеше борба со Ричи Порт и Бауке Молема, како и со Наиро Квинтана, а потоа налетаа на мотоциклот кој ја снима трката.

Снимката покажува како возачите минуваат низ кордон од луѓе, кои пратично се наоѓаат на самата патека, потоа Порт удира во мотоциклот, а во него удираат Фрум и Молема. Мотоциклот застана поради гледачите на патеката.

Потоа Молема ја продолжи трката, а Фрум трча со велосипедот кој е премногу оштетен, потоа го остава велосипедот и продолжува да трча. Во тој момент го претекнуваат Адам Јеитс и Квинтана.

Британецот потоа доби велосипед од неутралниот сервис, а кога го пристигнаа луѓето од неговиот тим, тој повторно го смени велосипедот.

Во целта влезе со време послабо од победникот Де Гент за шест минути и 45 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП