16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсториски медали за македонските каратистки

Историски медали за македонските каратистки

karate mak 00

Во Хрватска, поточно во Ријека и Загреб веќе месец дена се одржуваат 3-тите Европски Универзитетски игри – Универзијада во 21 спорт.

Македонските каратистки во најтешката дисциплина – екипни борби, успеаја да го освојат бронзениот медал, прв во Македонската карате историја. Медалот го освоија студентките на универзитетот св. Кирил и Методиј – Скопје, членки на Карате клубот Макпетрол од Скопје. За тимот настапија: Симона Заборска, Сара Радичевска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска.

karate mak 01

Исто така, во поединечна конкуренција голем успех постигна Симона Заборска која го освои сребрениот медал. Таа во финалето загуби од словачката каратистка Семеникова, на судијско изјаснување. Висок пласман оствари и Сара Радичевска која со 5:2 ја победи претставничката на Германија во борбата за третото место.

karate mak 02

„Многу сум среќен од постигнатиот успех. Успеавме да освоиме бронзен медал во најтешката дисциплина – екипни борби. Задоволството е поголемо бидејќи до патот до медалот моравме да победиме две Турски екипи со многу висок рејтинг составени од европски шампионки. Овој женски тим на секое првенство ги потврдува своите високи вредности. Тие сега имаат во својата богата ризница уште еден вреден медал, прв во Македонската карате историја. Исто така остваривме и висок пласман во поединечна конкуренција, каде што Симона Заборска го освои сребрениот, а Сара Радичевска бронзениот медал, со што каратистките на КК Макпетрол на Европската универзијада освоија вкупно 3 медали – два бронзени и еден сребрен медал“, вели селекторот Бошко Заборски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП