12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајмладите во посета на „Куќа на фудбалот“ – Бесценето

Најмладите во посета на „Куќа на фудбалот“ – Бесценето

ffm1

Отворениот ден во „Куќата на фудбалот“ го посетија децата од две скопски градинки, „Бубамара“ и „Срничка“.

ffm2

Најмладите љубители на фудбалот имаа можност да се запознаат со комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, да ја почувствуваат работната атмосфера во административната зграда и да разговараат со луѓето од ФФМ кои на различни начини ги подготвуваат фудбалските активности.

ffm3

Дечињата од двете скопски градинки на еден од четирите терени го посетија тренингот на младите фудбалери од Академијата на ФФМ, ги видоа и се запознаа со условите во кои работат и се организираат тренинзите, го посетија фитнес центарот, одделот за складирање и чување на целокупната опрема, потоа работните простории на администрацијата и на селекторите во националните тимови.

ffm4

„Најголемата радост за нас кој го организираме фудбалот во Македонија е кога гледаме деца со фудбалска топка и родители или учители кои ги бодрат. Со промоцијата на спортот создаваме нови талентирани генерации, но и здраво општество. Спортот игра важна улога во развојот на нашето општество, затоа сонувајте да станете како Пандев или Новески и негувајте ги здравите вредности, рече Филип Поповски, генерален секеретар на ФФМ.

ffm5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП