12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапите спортски тимови во светот, според Forbes

Најскапите спортски тимови во светот, според Forbes

dalas kaubojs3 3

Вкупно 27 екипи од „NFL“ се меѓу првите 50 места во ранглистата на најскапи спортски тимови во светот. Листата на списанието „Forbes“ е предводена од Далас Каубојс, клуб кој е проценет на 4 милијарди долари – или 25% повеќе во однос на една година порано.

Тоа е првата оценка од 2011-та година па наваму, во која првото место не е окупирано од фудбалски тим. Манчестер Јунајтед беше на чело во 2011-та и 2012-та година, а Реал Мадрид во следните три години.

Далас ја завршија 2014-та година со добивка од 270 милиони долари, што е за 75 милиони долари повеќе во однос на кој и да е друг тим. Приходите на тимот од спонзори и билети за ВИП места се соодветно 120 и 125 милиони долари, што е рекорд за „NFL“, иако тимот пропушти да учествува во „Super Bowl“ во последните две децении.

Втората позиција на листата е за Реал Мадрид со 3.65 милијарди долари, или 12% повеќе во однос на една година порано. Реал ја освои 11-тата титула во Лигата на шампионите, откако го совлада Атлетико Мадрид во финалето по изведувањето на пенали.

Ѕвездата на „белите“, Кристијано Роналдо пак предводи друга класификација на „Forbes“ – за најдобро платените спортисти во светот со приход од 88 милиони долари.

Приходите на Реал за сезоната 2014/2015 година пак достигнуваат рекордни 694 милиони долари. Растот доаѓа најмногу од новиот договор со „Adidas“, кој ќе му донесе на клубот 1,6 милијарди долари за 10 години.

Ривалот на Реал – Барселона, ја зазема третата позиција со оценка од 3.55 милијарди долари. Екипата исто така може да се пофали со рекордна зделка со „Nike“ за 175 милиони долари годишно. Се очекува следната година Барселона да започне со реновирање на својот стадион Ноу Камп, чија вредност се очекува да достигне 650 милиони долари.

Њујорк Јенкис се рангираат на четвртата позиција со оценка од 3,4 милијарди долари, додека Манчестер Јунајтед е петти со 3.32 милијарди долари.

Во топ 10 се наоѓаат уште Њујорк Патриотс, воден од Том Брејди, тимот од НБА Њујорк Никс, Вашингтон Редскинс, Њујорк Џајантс и Лос Анџелес Лејкерс.

Најголемиот профитабилен за последните 12 месеци е Арсенал, кој се искачил за 13 места, до 23-та позиција, со оценка од 2,02 милијарди долари. Екипата на „Ferrari“ од Формула 1, пак, бележи најголем пад, откако беше на 32-та позиција пред една година, а денес дури и не е во топ 50.

Просечната вредност на тимовите од првите 50 изнесува 2,2 милијарди долари, наспроти 1.75 милијарди долари за една година порано. Вкупно 76 спортски тима во светот се проценети на повеќе од 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП