11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукас Дињ нов играч на Барселона

Лукас Дињ нов играч на Барселона

лукас-лукас

Францускиот репрезентативец Лукас Дињ е третото засилување за Барселона во тековниот преоден рок. Левиот бек во Барселона пристигна од ПСЖ, откако минатата сезона како позајмен играч од францскиот шампион ја мина во Рома.

Лукас Дињ (22), игра на позицијата лев бек, ќе биде алтернатива за Жорди Алба, а со Барселона потпиша петгодишен договор. ПСЖ од трансферот ќе заработи 16,5 милиони евра.

Дињ беше дел од француската репрезентација која на ЕУРО 2016 го освои второто место, но не одигра ниту една минута на континеталното првенство.

Левиот бек е третото засилување за Барселона во овој преоден рок, оретходно на „Ноу Камп“ пристигнаа Денис Суарез од Виљареал и соиграчот на Дињ од репрезентацијата на Франција Самуел Умтити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП