5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп: Балотели е светска класа, но мора да замине

Клоп: Балотели е светска класа, но мора да замине

Klopp_Balotelli_AP

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му порачал на италијанскиот напаѓач Марио Балотели дека мора да го напушти клубот.

Балотели, по завршувањето на сезоната се врати во Ливерпул од Милан каде настапуваше како позајмен фудбалер, тој тренира со клубот, но германскиот тренер му порачал дека нема да смета на него во претстојната сезона.

„За многу играчи сега не е вистинскиот момент да се говори околу евентуалните трансфери, бидејќи тоа може негативно да влијае врз преговорите. Но за Марио можам слободно да разговарам, тука ситуацијата е јасна, него му кажав сѐ што имав. Неговата кариера се наоѓа во фаза во која би требало за една или две позиции да се бори со тројца или четворица играчи“, рекол Клоп.

Балотели има 26 години, професионалната кариера ја започна на 15-годишна возраст, а со 17 години го имаше дебито во Серија А. Тогаш беше прогласен за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал, но неговото однесување на и надвор од терените, а потоа лошите игри и повредите, го тргнаа од големата сцена.

„Сакаме да биде играч каков што беше пред повредата. талентот е тука, тука нема место за сомнеж. Кога работиме на тренинзите се гледа дека е светска класа. Меѓутоа сега не му треба ситуација со други играчи да се бори за место во тимот“, дополнил Клоп.

Од почетокот на трансфер периодот интерес за услугите на Балотели покажаа Сампдорија и новиот член на Серија Кротоне, а богата понуда за него уште во јануарскиот преоден рок имаат подготвено неколку кинески тимови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП