6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи му нуди нов договор на Мацари

Наполи му нуди нов договор на Мацари

mazz

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен на се само за да го задржи Валтер Мацари на чело на тимот. Па така првиот човек на екипата од Неапол подготвува прилично сериозна понуда до тренерот, чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Италијанскиот стратег неколку пати одби да преговара за нов договор, тврдејќи дека ќе го почека крајот од сезоната и тогаш ќе одлучи што понатаму.

Сепак Де Лаурентис смета дека 7 милиони евра ќе бидат доволни, кои би требало да ги земе тренерот Мацари во следните две години, за стратегот да ја продолжи верноста со Наполи.

Синоќа Наполи успеа да ја задржи предноста на табелата од 4 бода пред третопласираниот Милан, откако одиграа 1:1 на „Сан Сиро“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП