22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАТ си заминува од Германија

БАТ си заминува од Германија

BAT_2148576b

Британскиот производител на цигари „Бритиш Американ Тобако“ се подготвува да го пресели производството од Германија во земји од источна Европа.

Надзорниот одбор на „БАТ“ ја донел одлуката за затворање на погонот во германски Бајерут, објави берлинскиот весник „Велт“, повикувајќи се на извори во одборот.

Во германската подружница на „БАТ“ потврдија дека информациите за судбината на европскиот погон би требало да бидат објавени до седината на месецов.

Тој погон во најдобрите времиња произведувал 53 милијарди цигари годишно, од кои една третина била наменета за германскиот пазар, а остатокот се извезувал во останатите европски држави.

Првите знаци за планираното стопирање на производството се појавија пред неколку години, откако „БАТ“ одлучи да го повлече одделението за информациски технологии и набавка на тутун од Хамбург во Лондон. Како причина беше наведено реконструирањето на ниво на концернот. Финансиското работење веќе претходно беше повлечено од Хамбург.

Реорганизацијата на работењето би требало да траен неколку години, при што во „БАТ“ сакаат со високи отпремнини и понуда за предвремено заминување во пензија да поттикнат што повеќе работници на доброволно заминување, дознаваат од „Велт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП