Грузиецот Заза Пачулија во наредната сезона ќе настапува во редовите на Голден Стејт Вориорс. Центарот во Оукленд пристигна како слободен играч, но клубот не објави никакви детали од договорот.
Американските медиуми шпекулираат дека искусниот грузиски центар потпишал едногодишен договор вреден три милиони долари.
Пачулија има 32 години, минатата сезона го носеше дресот на Далас Меверикс и просечно по натпревар бележел по 8,6 поени, 9,4 скока и 1,7 асистенции по натпревар.
Грузиецот беше 14-ти на листата на најдобри скокачи, а минатата сезона на 26 натпревари забележал двоен ефект.
Пачулија во НБА лигата е веќе 13 сезони, а Голден Стејт ќе биде петтиот клуб во неговата кариера, по Орландо, Милвоки, Атланта и Далас.
Тој е третото засилување за Голден Стејт во пресрет на новата сезона, по Дејвид Вест и Кевин Дурент. Тимот веќе го напуштија Ендрју Богут, Херисон Барнс и Фестус Езили.