30 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар поразен од Динамо

Вардар поразен од Динамо

вардар-динамо

Вардар загуби од Динамо Загреб 1-2 (0-2) во првиот натпревар од второто квалификациско коло, во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион во реваншот, кој ќе се одигра за една недела, ќе има тешка задача да избори пласман во наредната рунда.

Вардар загуби, но не го заслужи поразот од Динамо. Вардар не ги искористи своите шанси, немаше ниту среќа, а сурово беше казнет за пропустите во одбраната.

Динамо го контролираше првото полувреме и како резултат на таквата игра постигна два гола. Иако Вардар прв се закани преку Петковски во седмата и Асани во 15-та минута, играчите на хрватскиот шампион први се радуваа.

Судани, во 22-та минута, проби по десната страна, успеа да нафрли, Мијушковиќ несмасно интерфенираше и наместо да исфрли ја смести топката зад грбот на Пачовски.

Сеум минути подоцна Којашевиќ се ободе од 20-тина метри, но неговиот обид беше изблокиран.

По половина час игра Динамо ја зголеми предноста, одново Судани проби по десната страна, нафрли кон Рог, кој непречен од никого од осум метри ја погоди вардаровата мрежа.

Веднаш по голот уште еден неуспешен обид на Којашевиќ од далечина, а потоа во 36-та минута првата голема шанса за Вардар. Глигоров со длабинска го пронајде Петковски кој наместо голот го погоди дирекот.

До крајот на првиот дел Мачадо се обиде од слободен удар за Динамо, а Јежина го одбрани ударот на вардаровиот капитен Грнчаров.

Тренерот на Вардар уште на полувремето направи две измени на теренот истрчаа Велковски и Бразилецот Боарето.

Вардар, во раната фаза на првото полувреме успеа да го намали резултатот. Фелипе успеа да испрати топка до Хабмарџумјан, зад грбот на Жуниор, а Ерменецот рутински го совлада Јежина.

По еден период на мирна игра, Динамо можеше да го реши победникот во 71-та минута. По корнер Сигали остана сам на 12-13 метри од голот на Вардар, но биеше само во дирекот, на одбиената топка налета Чориќ кој го погоди надворешниот дел од мрежата.

Дванаесет минути подоцна Вардар пропушти нова голема шанса, Боарето мина по левата страна упати силен удар, но топката заврши во дирекот.

Во 85-та минута слободниот удар на Фелипе заврши за малку над голот на Динамо. Третата голема можност за Вардар дојде во втората минута од судиското надополнување на времето Којашевиќ се обиде од 14 метри, но неговиот удар заврши во гредата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП