21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнге Декер го победи ракот и патува на ОИ

Инге Декер го победи ракот и патува на ОИ

ингепп

Една од најдобрите холандски пливачки, 30-годишната Инге Декер, го победи ракот на матката и ќе настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Декер во февруари годинава дозна дека боледува, а откако во март беше оперирана успеа да закрепне за да настапи на своите четврти олимписки игри.

„Веста беше шокантна. Три години се подготвував за Олимписките игри во Рио, а тогаш се уверив колку е сé релативно. Сета своја сила ја насочив на закрепнувањето, но од Игрите во ниеден момент не сакав да се откажам“, вели пливачката.

Декер има освоени три олимписки медала, и сите три во штафетата 4х100 м слободно. Во Пекинг 2008 година освои злато, во Лондон 2012 година сребро, а во Атина 2004 година освои бронза. На светските првенства освојуваше шест медали, од кои три златни, а на европските првенства освои уште десет медали, од кои два златни.

На Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро ќе настапи на 50 м слободно, 100 м делфин и во штафетата 4х100 м слободно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП