26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт ќе настапи на ОИ во Рио де Жанеиро

Болт ќе настапи на ОИ во Рио де Жанеиро

bolt

Шесткратниот олимписки шампион Јусеин Болт ќе биде во составот на репрезентацијата на Јамајка на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Олимпискиот комитет на Јамајка соопшти дека Болт ќе се натпреварува во трките на 100, 200 и 4×100 метри.

Јусеин Болт (29) се повреди на изборниот шампионат на Јамајка, кој се одржа на 2.јули. Лекарските прегледи покажале дека повредата не е сериозна и дека тој ќе се рехабилитира за десетина дена.

Инаку, во Јамајка за разлика од САД, атлетичарот може да биде повикан во репрезентацијата иако претходно не го минал изборното првенство. Во САД, на големите натпреварувања (ОИ и СП-а) одат само оние атлетичари кои на националниот шампионат ќе ја исполнат нормата.

Јусеин Болт е светски рекордер на 100 (9,58 секунди) и на 200 метри (19,19 секунди).

Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржуваат од 5. до 21.август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП