2 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.07.2016

Дневен хороскоп 12.07.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес многу нешта можат поволно да се рефлектираат на вашиот знак. Во претпладневните часови родените во последната декада од знакот можат да ја постигнат целта ако бидат подготвени да се вклучат во некој нов бизнис дури и ако тој не се одвива според нивните услови. Многу брзо ќе ја сфатите предноста на таквиот став.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате високо поставена цел за работите кои денес сакате да ги завршите. Не се фокусирајте само на главната цел, започнете од помалите обврски. Денес ќе бидете позитивно изненадени од зборовите на некој пријател кој ќе ви се отвори. Радоста е голема и на љубовен план.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе ви биде тешко да пронајдете енергија и време за сите работи кои морате да ги довршите. Верувате во своите способности и ќе постигнете се доколку ги офрлите нештата кои непотребно ви го одземаат времето. Побарајте совет за некој проблем од вашиот пријател во знакот на Водолија.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Понекогаш едноставно треба да делувате без размислување со цел да го добиете вистинското чувство кое го барате. Размислете уште еднаш за нештата кои намерно сте ги оставиле недовршени. Денес втората половина од денот поминете ја во омиленото кафуле заедно со вашите пријатели, опуштете се во малку понеформален облик.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви се отвораат многу нови можности, па на вас ви е тешко да се одлучите за една. Одете чекор по чекор, не морате денес да ги донесете сите одлуки. Опциите ќе ви бидат отворени и утре, задутре. Бидете трпеливи и доследни и ќе успеете да воспоставите контрола. Прво завршете ги старите обврски и работи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Внимавајте денес на кого му ја давате довербата со цел да не се најдете во проблеми на кои не сте сметале. Пријателите или колегите на кои им верувате можат да ве изненадат негативно. Вашето расудување денес не е најдбро па затоа не донесувајте важни одлуки кои долгорочно ќе имаат влијание врз вас.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашите мисли за љубовта денес се комплицирани, а идејата да бидете блиску до лицето кое го сакате може да се промени, па да не знаете што всушност сакате. Не паѓајте на емотивен план. Работните обврски денес ќе ги извршувате лесно, па можно е да забележите и некој поголем успех.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес бидете внимателни во своите постапки и зборови. Размислете пред да направите нешто нагло и извинете се доколку нешто погрешно направите. Одложете ги важните одлуки за ден-два, додека да смислите стратегија бидејќи денешните постапки ќе имаат влијание во вашата иднина.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Стоите на врв на патот но тешко ви е да видите што и како понатаму. Потпрете се на луѓето околу себе кои можат да ви помогнат. Сепак не заборавајте дека вие сте личноста која на крајот мора да донесе одлука. Дадете се од себе и одлучете се за една опција. Потоа тргнете храбро напред и не се завртувајте наназад.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Одличен ден и работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашата потреба за акција може да ви донесе и здравствени пречки. Ќе бидете чувствителни и многу од вас ќе бидат склони да работаат нешто што може да има негативни последици. Бидете внимателни во односите со претпоставените и обидете се да ја објасните вашата моментална ситуација.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете напнати, а работните задачи нема целосно до крај да ги извршувате. Избегнувајте кавги и внимавајте од непријателства, бидејќи тие барем во овој момент се многу опасни за вас. Денот е поволен за краткотрајни работи. И покрај поволните елементи вашата ситуација е доста нестабилна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП