18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТим Данкан замина во пензија

Тим Данкан замина во пензија

тим-данкан

По 19 сезони, 15 настапи на Ол стар викендите, по пет титули и МВП признанија, еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА лигата, Тим Данкан, реши да се пензионира. Неговиот тим Сан Антонио соопшти дека Данкан се откажал од последната година од договорот со клубот и решил на 40-годишна возраст да стави крај на кариерата.

Данкан, поранешен студент на универзитетот Вејк Форест, во 1997 година беше прв пик на Сан Антонио. Во првата сезона беше избран за најдобар дебитант во лигата, а со легендарниот Дејвид Робинсон долги години го претставуваше тандемот познат како „кули близначки“.

Во кариерата одиграл 1.392 натпрвари во регуларниот дел од сезоната на кои имал учинок од 19 поени, 10,8 скокови и три асистенции, додека во плеј офот настапил на 241 натпревар и бележел во просек по 21,2 поени, 11,1 скокови, 3,3 асистенции.

Сан Антонио со Данкан, во сите негови 19 сезони, процентуални забележал победи на најмалку 60 отсто од натпреварите, што е најдолга низа во историјата на лигата. Спарси со Данкан победиле на 1.072 натпревари, а загубиле на 438 натпревари.

Со Спарси освоил пет шампионски титули (1999, 2003, 2005, 2007, 2014), за МВП на финалната серија е прогласуван во 1999, 2003 и 2005, а за играч на сезоната е избран во 2002 и 2003 година.

Данкан се наоѓа на 14-то место на вечната листа на најдобрите стрелци со 26.496 поени, а е шести на листата на најдобри скокачи со 15.091 скокови и петти според бројот на блокади 3.020.

Осум пати бил избиран во најдобриот дефанзивен тим во лигата, а е само третиот играч во историјата кој остварил повеќе од 1.000 победи во кариерата.

Заедно со Тони Паркер и Ману Џинобили го држи рекордот по бројот на победи на едно трио во НБА лигата (575 во регуларниот дел и 126 во плеј офот).

На релација играч-тренер, заедно со тренерот Грег Попович забележал 1.001 победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП