4 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова нема да игра на ОИ

Шарапова нема да игра на ОИ

сапи

Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS), соопшти дека одлуката по жалбата на руската тенисерка Марија Шарапова ќе биде разгледана во септември.

Шаропова во јуни доби двегодишна суспензија откако нејзините допинг тестови направени за време на Австралија Опен беа позитивни на збранетата супстанца мелдониум.

Одлуката на Судот во Лозана значи дека Шарапова нема да може да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе започнат на 5. август.

Како што наведоа од CAS во своето соопштение, Шарапова и Меѓународната тениска федерација (ITF) побарале дополнително време за да приложат дополнителни докази, што значи дека жалбата не може да биде разгледана по итна постапка, иако првично тоа бил планот на CAS.

Судот за спортска арбитража објави дека одлуката ќе биде донесена најдоцна до 19. септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП