24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСедлоски и Грнчаров посакуваат победа без примен гол

Седлоски и Грнчаров посакуваат победа без примен гол

sedlo

Македонскиот шампион Вардар, во вторник, ќе ја започне новата натпреварувачка сезона. Вардар во Лигата на шампионите, во второто квалификацискo коло, на домашен терен ќе го пречека Динамо Загреб.

Вардар го доби најнепосакуваниот противник во оваа фаза од Лигата на шампионите, Динамо Загреб, изминатите години најдобриот тим на просторите на поранешна Југославија, тим кој минатата сезона играше во главната фаза во елитното натпреварување.

Динамо во однос на минатата сезона доживеа промена на тренерската функција, Зоран Мамиќ си замина, а на негово место дојде клупската легенда Златко Крањчар. За дуелот во Скопје не е јасно со каков состав ќе настапи новиот тренер, бидејќи за тројцата млади играчи, кои настапија на ЕУРО 2016 година (Пјаца, Рог, Чориќ), интерес покажува „половина“ Европа.

„Динамо е добар тим, секоја година игра во ЛШ и Лига Европа. Динамо е најдобриот тим во регионот. Очекувам тежок меч, многу потежок од оној кој во минатата сезона го игравме против АПОЕЛ, Динамо е подобар тим од АПОЕЛ. Ние нема да се предадеме, зошто баш ние против Динамо да не успееме да се пласираме во наредната рунда. Вардар нема да ја менува формацијата, мислам дека не можеме да сокриеме нешто едни од други, ќе играме напаѓачки. Седловски за овој натпревар на располагање ќе ги има сите фудбалери, а со кој состав ќе настапи ќе реши по последниот тренинг“, рече тренерот на Вардар Гоце Седлоски.

Вардаровиот тренер и капитенот на тимот Бобан Грнчаров посакуваат победа во Скопје без примен гол.

„Посакуваме победа, сѐ друго ќе биде неуспех, бидејќи реваншот ќе биде многу тежок. Мора да излеземе да играме напаѓачки, ваквите натпревари се добиваат само со храбра, напаѓачка игра. Динамо е добар тим, особено опасни се тројцата кои играат во нападот, двете крила и напаѓачот, можат со еден потег да решат натпревар. Динамо е фаворит на хартија, се согласувам, но тоа ќе треба да го покаже и на теренот“, рече Грнчаров.

Натпреварот Вардар-Динамо, во вторник, ќе се одигра на „Филип Втори“ од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП