10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон победи во Силверстон, Розберг заврши трет

Хамилтон победи во Силверстон, Розберг заврши трет

формула-до

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Британија и ја намали предноста на тимскиот колега Нико Розберг, кој е лидер во генералниот пласман на само еден бод.

Хамилтон на патеката во Силверстон ја забележа третата последовна победеа сезонава, вкупно 47-ма во кариерата. Втор низ целта мина Нико Розберг, а трет младиот возач на Ред Бул, Марк Ферстапен.

Но после трката стујардите го казнија Розберг така што на неговото време додадоа уште десет секунди, поради што и ги заменија позициите со Верстапен.

Во самиот финиш на трката Германецот имаше проблеми со менувачот, самиот рече дека размислувал да се откаже, но од тимот преку радио врската добил совет како да го реши проблемот.

„Возачот мора самостојно да го вози болидот, без помош од некој друг“, шишува во Формула 1 правилникот.

Розберг, пред трката во Унгарија на 24.јули, има 168 бодови, еден повеќе од Хамилтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП