12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари го освои Вимблдон

Мари го освои Вимблдон

mari-mari-tovari

Британецот Енди Мари втор пат во кариерата ја освои титулата на Вимблдон. Мари, во 130-то финале на Вимблдон го совлада Милош Раониќ со 3-0 (6-4, 7-6, 7-6).

Мари, во своето 11-то Грен слем финале ја освои третата титула и само потврди дека во моментов е единствениот кој може да му парира на Новак Ѓоковиќ. Мари прв пат во кариерата играше Грен слем финале а од другата страна да не е Ѓоковиќ или Федерер и тоа максимално го искористи.

Вториот светски рекет делуваше исклучително сигурно на теренот, за разлика од Раониќ кој беше премногу импресиониран од својот прв настап во едно Грен слем финале.

Мари направи еден брејк, во првиот сет, додека Раониќ единствените брејк шанси ги имаше во петтиот гем од третиот сет.

Британецот брилинантно играше во двата тај брејка и сосема заслужено ја освои титулата.

Со оваа победа Мари ја намали предноста на Ѓоковиќ на АТП листата на нешто помалку од 5.000 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП