27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо десет години Матераци призна што му кажал на Зидан во финалето...

По десет години Матераци призна што му кажал на Зидан во финалето на СП 2006

DV138932

Поранешниот бек на фудбалската селекција на Италија кој настапи на светското првенство во 2006 година, Марко Матераци, ја кажа причината зошто францускиот напаѓач го удри со глава во градите во финалниот натпревар во Берлин.

Во текот на финалниот меч меѓу Зидан и Матераци дојде до вербален конфликт по што Французинот го удри со глава Италијанецот за што доби директен црвен картон. Што ја предизвикало бруталната реакција на инаку сталожениот Зидан досега беше предмет на разни шпекулации.

„Јас навистина кажав глупост, но тоа не заслужуваше таква реакција (од Зидан). Во секоја населба на Рим, Неапол, Торино, Милано или Париз може да се слушнат разни нагаѓања и наводни докази. Тоа што јас го кажав се однесуваше на неговата сестра, а не на неговата мајка, како што пишуваа весниците“, го цитира Матераци францускиот спортски магазин L’Equipe.

Италијанецот вели дека и дури не знаел дека Зидан има сестра и оти тој никогаш не би си дозволил да навреди нечија мајка, бидејќи самиот многу рано, на 15-годишна возраст останал без мајка.

Двајцата учесници од овој инцидент останаа во историјата на финалињата на светските шампионати, Матераци постигна гол со удар со глава за израмнување на водството кое го постигна Зидан си удар од белата точка.

Мечот во регуларниот тек заврши без победник 1-1, а без голови беа и двете продолженија. По серијата пенали светската титула ја славеа Италијанците со конечните 5-3, откако непрецизен во решавачката серија беше францускиот напаѓач Давид Трезеге.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП