7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ преку Федерер до финалето на Вимблдон

Раониќ преку Федерер до финалето на Вимблдон

раоник

Милош Раониќ е првиот финалист на Вимблдон, откако во полуфиналето, по голема борба и меч кој траеше повеќе од три часа го совлада Роџер Федерер со 3-2 (6-3, 6-7, 4-6, 7-5, 6-3).

Канаѓанецот роден во Подгорица, се пласира во своето прво Грен слем финале, а за титулата ќе се бори со подобриот од дуелот помеѓу Енди Мари и Tомаш Бердих.

Раониќ е првиот канадски тенисер кој стигнал до едно Грен слем финале.

Пресуден за победата на Раониќ беше 12-от гем од четвртиот сет, Федерер сервираше за тај брејк, имаше 40-0, но тогаш направи две двојни сервис грешки, а Раониќ ја искористи третата брејк топка и израмни на 2-2 во сетови.

Во решавачкиот сет Федерер немаше сила да му парира на расположениот противник.

Федерер прв пат загуби полуфинале на Вимблдон, откако преходно 10 пати беше успешен. Швајцарецот и по Вимблдон ќе остане на бројката од 17 Грен слем титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП