21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛев: Форматот со 24 селекции на ЕП не е добар

Лев: Форматот со 24 селекции на ЕП не е добар

лев-конц

Јоаким Лев, селекторот на германската фудбалска репрезентација, смета дека форматот со 24 репрезентации учеснички на Европското првенство не е добар.

„Најпрвин е зголемен бројот на учесници на Европското првенство, а сега се говори дека на светското првенство ќе учествуваат 40 репрезентации (наместо досегашните 32). Мислам дека тоа не е добро за фудбалот бидејќи ќе донесе пад на квалитетот. Сметам дека треба на европските првенства да биде вратен форматот со 16 репрезентации“, рекол Лев.

Репрезентацијата која ја предводи Лев, во четвртокот, го загуби полуфиналниот дуел од Франција (0-2).

„Премногу сум разочаран за да можам да размислувaм дали ќе останам на селекторската функција“, рекол Лев кој една деценија ја предводи Германија со која пред две години ја освои светската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП