3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаиконен во Ферари и наредната сезона

Раиконен во Ферари и наредната сезона

кими-мими

Кими Раиконен ја продолжува кариерата во Ферари откако во петокот потпиша нов едногодишен договор.

„Скудерија Ферари објавува дека ја обновивме техничката и тркачката соработка со Кими Раиконен. Возачката постава за сезоната 2017 ќе ја сочинуваат финскиот возач и Себастијан Фетел“, наведе италијанскиот тим во своето соопштение.

Кими Раиконен е последниот возач кој му ја донесе титулата на Ферари во 2007 година, тој е еден од ретките возачи кои забележале победа на својот прв настап за италијанскиот тим.

Раиконен возеше во Ферари од 2007 до 2009 година, потоа направи двегодишна пауза, се врати повторно во Формула 1 во болидот на Лотус, а повторно стана возач на Ферари во 2014 година.

Неделната трка која се вози во Силверстон за Големата награда на Велика Британија ќе биде негова 100-та трка во болидот на Ферари.

Во кариерата забележал 20 победи, 16 пати ја освојувал пол позицијата, а на победничкиот пиедестал се искачувал 84 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП