ИНТЕРЕСНО

Ѓорческа во финалето на турнирот во Торино

lina gjorceska 3535

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во финалето на ИТФ фјучрсот во Торино.

Ѓорческа, 286-та на ВТА листата, во полуфиналето, ја совлада втората носителка на турнирот Парагвајката Монсерат Гонзалес со 2-1 (4-6, 7-6, 6-3).

Ѓорческа, која е поставена за петта носителка на турнирот, во финалето ќе игра против својата партнерка во дубл, Далила Јакуповиќ.

Турнирот во Торино се игра за награден фонд од 25.000 долари.