19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарцокас нов тренер на кошаркарите на Барселона

Барцокас нов тренер на кошаркарите на Барселона

barcokas

Гркот Јоргос Барцокас, а не Србинот Александар Ѓорѓевиќ е новиот тренер на кошаркарите на Барселона. Барцокас со Барселона потпишал двегодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Јоргос Барцокас со тренерската работа се занимава од својата 22 година, а првиот сериозен ангажман му бил во 2009 година во Маруси. Сезона подоцна се сели во Паниониос и е прогласен за тренер на годината во Грција.

Со екипата на Олимпијакос во сезоната 2012/2013 ја освои Евролигата со што стана првиот грчки тренер кој го освоил елитното натпреварување.

Минатата сезона ја предводеше екипата на Локомотив Кубањ и успеа да се пласира на завршниот турнир во Евролигата. Брацокас со Локомотив во четвртфиналето ја елиминираше токму Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП