
Девет месеци по седнувањето на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, денес поптиша нов шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“.


Девет месеци по седнувањето на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, денес поптиша нов шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“.
Јирген Клоп на 8-ми октомври минатата година го наследи Брендан Роџерс, ќе го предводи Ливерпул до 2022-ра година. Претходниот договор на Клоп имаше важност до 2018-та година, но челниците на клубот се задоволни од неговата работа и сметаат дека тој е иднината на Ливерпул, поради што и му бил понуден нов договор.
Клоп и Ливерпул на 2-ри јули ги започнаа подготовките за новата сезона. Во подготвителниот период „црвените“ ќе одиграат девет пријателски натпревари.
Ливерпул минатата сезона ја заврши на осмото место во Премиерлигата и нема да игра во европските купови. „Црвените“ стигнаа до финалето во Лига Европа каде загубија од Севилја (3-1).