ПочетнаИНТЕРЕСНОБез српски тимови во СЕХА во наредната сезона

Без српски тимови во СЕХА во наредната сезона

seha

Десет екипи ќе се натпреваруваат во регионалната ракометна лига, СЕХА, во сезоната 2016/2017. Инаку во престојната сезона во лигата нема да играат клубови од Србија, додека прв пат од формирањето на СЕХА ќе учествуваат екипи од Словенија.

Македонија и во наредната сезона во СЕХА ќе партиципира со две екипи, вицепрвакот во оваа конкуренција Вардар и Металург. Два тима уште ќе имаат Словенија (Цеље и Горење), односно Хрватска (ППД Загреб и Нексе).

Останатите тимови се бранителот на титулата Веспрем (Унгарија), Мешков Брест (Белорусија), Татран Прешов (Словачка) и Извиѓач Љубишки (Босна и Херцеговина).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП