10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКербер спречи сестринско финале на Вимблдон

Кербер спречи сестринско финале на Вимблдон

кербер556

Германката Анжелик Кербер преку Венус Вилијамс избори пласман во финалето на третиот Грен слем турнир во сезоната, Вимблдон.

Кербер, против постарата од сестрите Вилијамс, славеше во два сета 6-4, 6-4. Германката одигра одличен меч, во вистински момент ги користеше брејк топките и на крајот заслужено се пласира во своето второ Грен слем финале во кариерата.

Венус, која пет пати го има освоено Вимблдон и која по седум години одново играше во полуфиналето, имаше проблеми со форхендот што на крајот ја однесе во пораз.

Финалето се игра в сабота, а Серена Вилијамс ќе има можност да и се реваншира на Кербер за поразот во финалето на првиот Грен слем, Австралија Опен, во јануари Германката победи со 6-4, 3-6, 6-4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП