7 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена експрес во финалето на Вимблдон

Серена експрес во финалето на Вимблдон

vim serena22

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс експресно избори пласман во финалето на Грен слем турнирот во Вимблдон.

Помладата од сестрите Вилијамс, во првото полуфинале, за само 48 минути ја декласира Русинката Елена Веснина. Серена на својата противничка во двата сета и препушти само два гема (6-2,6-0).

Серена Вилијамс избори пласман во своето 28-мо Грен слем финале, а в сабота ќе се обиде да го освои 22-от трофеј на турнирите од Грен слем серијата со што би се израмнила со Штефи Граф на првото место на вечната листа.

Американката нема Грен слем трофеј од минатата година кога го освои Вимблдон, потоа загуби во полуфиналето на УС Опен, а оваа година ги загуби финалните мечеви на Австралија Опен од Анжелик Кербер и на Ролан Гарос од Гарбиње Мугуруза.

Серена во финалето ќе игра против постарата сестра Венус или Германката Анжелик Кербер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП