11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорческа во полуфиналето на турнирот во Торино

Ѓорческа во полуфиналето на турнирот во Торино

гјорцевска

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, 286-та на ВТА листата, избори пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Торино.

Ѓорческа која е поставена за петта носителка на турнирот, во четвртфиналето, ја совлада третата носителка Грузијката Софија Шапатава со 6-4, 7-5.

Противничка на македонската тенисерка во полуфиналето, кое на програмата е в петок, за противничка ќе ја има подобрата од четвртфиналниот меч во кој ќе играат Шпанката Ирине Буриљо Ескориуела и втората носителка Монсерат Гонзалес од Парагвај.

Наградниот фонд на ИТФ турнирот во Торино изнесува 25.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП