9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCAS: Скендербег исфрлен од ЛШ, Партизани на неговото место

CAS: Скендербег исфрлен од ЛШ, Партизани на неговото место

sud-mud

Судот за арбитража во спортот (CAS) потврди дека албанскиот шампион Скендербег е исфрлен од квалификациите во Лигата на шампионите, поради местење натпревари. Местото на Скендербег ќе го заземе вицепрвакот Партизани.

CAS, во пресудата која е донесена по итна постапка, ја поддржа одлуката на УЕФА, Скендербег оваа сезона да не се натпреварува во европските купови, поради местење натпревари во домашното првенство и европските купови.

Скендербег, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, требаше да игра против Ференцварош.

УЕФА истрагата ја покрена по добиените информации од страна обложувалниците, медиумите и навивачите.

Екипата на Партизани веќе го одигра првиот меч во квалификациите за Лига Европа против Слован Братислава (0:0), но поради одлуката на УЕФА словачкиот тим се пласира во наредната рунда, а Партизани на 14. и 21. јули ќе игра против Ференцварош во второто квалификациско коло, во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП