Попладнево со жрепка се извлечени групите во кошаркарскиот Еврокуп, кој го организира УЛЕБ, за сезоната 2016/2017.
Четири екипи (Партизан, Цедевита, Будуќност и Олимпија) кои ќе се натпреваруваат и во регионалната АБА лига ќе играат и во Еврокупот, поради што Светската кошаркарска федерација (ФИБА) од нивните сојузи побара да ги дисквалификува од националните првенства.
Во новата сезона, во Европкупот ќе стартуваат 24 екипи кои се поделени во четири групи. Најдобрите четири тима од секоја група ќе се пласираат во Топ 16 фазата, каде ќе бидат формирани нови две групи кои ќе бројат по осум тима.
Четири екипи од двете групи потоа ќе изборат пласман во плејофот, а шампионот ќе се стекне со прaво на настап во Евролигата.
Група А: Нижњи Новгород (Русија), Гран Канарија (Шпанија), Цедевита (Хрватска), Зјелона Гора (Полска), АЕК Атина (Грција), Реџо Емилија (Италија)
Група Б: Химки (Русија), Алба (германија), Билбао (Шпанија), Лијетувос Ритас (Литванија), Канту (Италија), Партизан (Србија)
Група Ц: Уникаха (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), Мурсија (Шпанија), Динамо Сасари (Италија), Зенит Санкт Петербург (Русија), Будуќност (Црна Гора)
Група Д: Локомотив Кубањ (Русија), Валенсија (Шпанија), Олимпија (Словенија), Хапоел Ерусалим (Израел), Улм (Германија), Тренто (Италија).