6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Португалија прв финалист

ЕУРО 2016: Португалија прв финалист

euro-portugalija

Фудбалските репрезентативци на Португалија се пласираа во финалето на ЕУРО 2016, откако во полуфиналниот меч славеа против Велс со 2-0 (0-0). Португалците втор пат во својата историја ќе играат во мечот за титулата, пред 12 години на домашен терен беа поразени од Грција.

Полуфиналниот дуел во Лионминаво во знакот на Кристијано Роналдо, тој стана првиот фудбалер кој настапил во три полуфиналниња на ЕП-а, а со постигнатиот гол се израмни на вечната листа со Мишел Платини, двајцата имаа постигнато по девет голови на контитнеталните шампионати.

Дуелот Португалија-Велс донесе просечен фудбал, Португалците беа тие кои го контролираа ритамот од почетокот до крајот. Велс во првото полувреме беше рамноправен партнер, но без Арон Рамзи играчите на Крис Колман не успеаа да организираат вистинска акција.

Пласманот во финалето Португалците го решија на самиот почеток од второто полувреме. Роналдо во 50.минута беше повисок во скокот од Честер и го совлада Хенеси, а три минути подоцна Роналдно шутираше кон голот на Велс, Санчез кој беше во офсајд ја пропушти топката на која налета Нани и го постави конечниот резултат.

До крајот на мечот Велс два пати се закани со удари од далечина преку Бејл, додека Португалците имаа неколку шанси да забележат поубедлива победа.

Противник на Португалија, на 10.јули, ќе биде победникот од полуфиналето помеѓу Франција и Германија кое ќе се одигра во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП