11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер и Мари се провлекоа низ четвртфиналето

Федерер и Мари се провлекоа низ четвртфиналето

федерос

Роџер Федерер и Енди Мари вложија многу труд за да изборат пласман во полуфиналето на Вимблдон. Двајцата во четвртфиналето играа пет сета, Федерер против Марин Чилиќ, а Мари против Жо-Вилфред Цонга.

Федерер, против Чилиќ ги загуби првите два сета, потоа успеа да спаси три меч топки и да избори пласман во 11-то полуфинале на Вимблдон. Швајцарецот против Чилиќ ја забележа 307-та победа на Грен слем турнирите со што стана апосолутен рекордер.

На крајот Федерер победи со 6-7, 4-6, 6-3, 7-6, 6-3.

Противник на Швајцарецот во полуфиналето ќе му биде Милош Раониќ од Канада. Раониќ во четири сета 6-4, 7-5, 5-7, 6-4 го победи Сем Квери, кој во третото коло го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Енди Мари имаше водство од 2-0 во сетови, но на крајот мораше да игра пет сета за да се пласира меѓу најдобрите четворица.

Мари во тај брејк го доби првиот сет кој траеше 76 минути, потоа експресно со 6-1 во вториот сет стигна до 2-0, но Цонга се врати со 3-6, 4-6, а потоа Французинот со своите грешки му овозможи на Британецот да го добие решавачкиот сет со 6-1.

Мари за противник во полуфиналето ќе го има Томаш Бердих, кој во три сета 7-6, 6-3, 6-2 го совлада малдиот француски тенисер Лукас Пуи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП