15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Авермет нов лидер на „Тур д’Франс“

Ван Авермет нов лидер на „Тур д’Франс“

авермет

Белгискиот велосипедист Грег ван Авермет победи на петтата етапа на „Тур д’Франс“ и ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман.

Ван Авермет клучната предност, во однос на останатите велосипедисти меѓу кои беше и Петер Саган кој ја носеше жолтата маичка, ја стекна на нагорнината долга 30 километри.

Ван Авермет заедно со сонародникот Томас де Грент се одвои од групата, а потоа успеа сам да мине низ целта.

Новиот носител на жолтата маичка пред петтата етапа заостануваше 18 секунди во однос на Саган, а сега има предност од пет минути и 11 секунди пред најблискиот конкурент Жилијан Аланфилип.

Шестата етапа на програмата е во четврток, се вози од Арпажон сур Сер до Монтубан и има должина од 190,5 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП