28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилетите за СП во фудбал ја преминаа границата од 1000 долари

Билетите за СП во фудбал ја преминаа границата од 1000 долари

svetskot fudbal rusija 353

Цените на билетите за Светското првенство во фудбал за прв пат ја преминаа границата од 1000 долари, пишува „Bloomberg“.

Во вторникот „FIFA“ објави дека највисоката цена за билет за финалето на првенството во 2018-та година во Москва ќе биде 1.100 долари. Износот е над таа од 990 долари за финалето во Рио де Жанеиро во 2014-та година.

Другите билети за финалето ќе чинат 710 и 455 долари, со дополнителни четири категории билети кои се продаваат ексклузивно на руски граѓани и чинат 7040 рубљи (во моментов 110 долари).

За посетителите од странство првите билети ќе се 105-210 долари, освен за отворањето, кои ќе се во опсегот 220-550 долари. Првите билети за првенството во 2014-та година беа меѓу 90 и 175 долари, што значи дека цената на најевтините места се зголемила за 16%.

Цените за 16-тина финалето се меѓу 115-245 долари, оние за четвртфиналето и за третото место- 175-365 долари, додека оние за полуфиналето се 285-750 долари.

Руските граѓани ќе уживаат во големи попусти, па најевтините билети за првиот круг ќе чинат само 1280 рубли (20 долари), што е повеќе од еквивалентните цени за 2014-та година, но се речиси исти во однос на оние кои ги платија јужноафриканските навивачи во 2010-та година.

„Сакавме да се увериме дека правилно сме ги оцениле билетите, па да направиме настаните да се достапни за што е можно повеќе луѓе“, коментира генералниот секретар на „FIFA“, Фатма Самура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП