Ракометниот клуб Металург потпиша договори со петмина нови играчи, кој боите на клубот од „Автокоманда“, ќе ги носат во наредните две години.
Нови играчи на македонскиот вицепрвак се српскиот голман Дарко Арсиќ (27), левото хрватско крило Мартин Марчец (23), српскиот централен и лев бек Немања Обрадовиќ (25), македонскиот репрезентативец, левиот бек Дарко Димитриевски (23) и централниот бек Горан Печенковски (28).
“Со завршувањето на годинешната сезона, екипата спогодбено ја напуштија четири играчи, и тоа бековите Марко Бувиниќ, Марко Матиќ, Јанко Божовиќ и Лука Мраковчиќ, а на Милорад Куковски, Милан Шаин и Стефан Вујовиќ им завршија договорите. Во клубот останаа младите македонски играчи, за чие дополнување ангажиравме неколку млади македонски ракометари и неколку од соседството. Оваа сезона ќе имаме тешка задача во натпреварите во ЛШ и во РЛ, бидејќи и во двете натпреварувања ќе имаме силни противници. Знаеме што значат натпреварите од ЛШ и дека таму нема лесни и слаби противници, а со приклучувањето на Целје и Горење и претходно на Веспрем, РЛ ќе биде најсилната од нејзиното постоење“, изјави за клупската интернет страница тренерот на Металург, Лино Червар.