19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенус Вилијамс по седум години во полуфиналето на Вимблдон

Венус Вилијамс по седум години во полуфиналето на Вимблдон

venusa----op

Венус Вилијамс по пауза од седум години повторно ќе игра во полуфиналето на грен слем турнирот во Вимблдон. Постарата од сестрите Вилијамс во четвртфиналето ја победи Јарослава Шведова со 7-6, 6-2.

Петкратната шампионка на Вимблдон, последен пат во полуфиналето играше во 2009 година кога загуби од својата сестра Серена.

Венус, за пласман во финалето, каде последен пат играше во 2008 година, ќе се бори со Анжелик Кербер. Германката во четвртфиналето ја победи Симона Халеп од Романија со 7-5, 7-6.

Втората полуфинална двојка ја формираа Серена Вилијамс и Елена Веснина.

Бранителката на титулата, Серена Вилијамс,во два сета со 6-4, 6-4 ја совлада Русинката Анастазија Пављученкова, додека Веснина до најголемиот резултат во кариерата стигна со победата над Доминика Цибулкова од 6-2, 6-2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП