7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Сити ме одби како фудбалер, ама тогаш бев многу лош

Гвардиола: Сити ме одби како фудбалер, ама тогаш бев многу лош

гварди

Дочекан како рок ѕвезда, логично првото големо интервју во Манчестер новиот менаџер на Сити го даде на Ноел Галагер, фронтменот на Оезис и фанатичен навивач на Сити уште од времето кога клубот беше многу помалку познат пред да го купат богатите шеици.

Интервјуто, иако водено неофицијално и повеќе во форма на разговор меѓу навивач на клубот и новиот тренер, интервјуто со Гвардиола за официјалниот Youtube канал на Манчестер Сити не беше воопшто подлизувачки.

Впрочем, со Галагер тешко и нешто би можело да се стави под контрола. Згора на тоа, и Пеп беше во форма, па во некои моменти двајцата толку се опуштија, што им излета и по некоја пцовка.

Ноел се шегуваше со Пеп затоа што омилен пејач му е Џејмс Блант, за кој Галагер рече „не што не го сакам тој лик, туку и го мразам“, додека Гвардиола го праша дали би го повел на турнеја по биртиите низ Манчестер.

Во интересен разговор Пеп откри дека Тикси Бегиристиан, спортскиот директор на Сити и негов соиграч од Барселона, е причината заради која го презема новиот клуб.

Основното мото за работа ќе му биде „сакам да ги убедам играчите да бидат најдобри“.

Галагер го предупреди дека на фудбалерите и тренерите што доаѓаат од континентот им треба време за адаптација, на што Гвардиола призна дека многумина му рекле дека нема да успее да се адаптира

Рокерот го праша и дали ќе ги користи младите фудбалери од академијата на Сити.

„Барселона навистина ја има најдобрата школа во светот, на пример Педро и Бускетс ги следев и знаев додека беа деца. Тука ќе продолжам со таквото трагање и сите талентирани фудбалери од младиот тим ги водам на подготовки“.

Малку е познато дека Гвардиола бил одбиен од Сити како фудбалер од Стјуарт Пирс.

„Точно, Пирс ме одби кога беше менаџер. Но, беше во право. Дојдов со 33-34 години и како фудбалер бев катастрофа. Сонував да играм во Англија, но бев во таква состојба што Стјуарт беше во право што не ме зема“, рече Пеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП