28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛампард се сели во Галакси

Лампард се сели во Галакси

Chelsea FC v Seattle Sounders FC

Фудбалерот на Челзи, Френк Лампард е се поблиску до трансфер во американскиот Лос Анџелес Галакси.

Неговиот договор со „сините“ истекува налето, а по се изгледа дека тој нема да потпише нов договор со клубот, бидејќи до сега не му е предложен.

Ветеранот беше поврзуван со сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед пред некое време. Но од Галакси покажаа голем интерес за него и тие се подготвени да му платат по 5 милиони долари годишно и плус 6 милиони долари во вид на бонуси за период од две години.

Тимот од САД бара нова голема ѕвезда, откако Дејвид Бекам го напушти тимот и замина во редовите на ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП